Хрватска ја отвори границата со Србија

0
531

Хрватската влада ги отвори за движење сите гранични премини со Србија.

Во владиниот профил на Twitter хрватскиот кабинет објави дека граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за сите видови на движења, без никакви ограничувања.

Дописниците на српските медиуми објавија дека движењето е обновено, вклучувајќи и автомобили со српски регистарски таблички. Почна преминувањето на границата и на камиони, кои веќе неколку дена беа блокирани на српско-хрватската граница.

Во 18.00 часот вчера на пракса е укината блокадата на границата, која беше воведена поради огромниот наплив на мигранти од Србија во Хрватска. Само за една недела во земјата пристигнаа околу 60 000 луѓе.

Вчера еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повика ги властите во Белград да ја тргнат блокадата, бидејќи тоа е во интерес на сите земји од Западен Балкан.

Хрватскиот парламент се самораспушта, почнувајќи од 28 септември. Предвремените избори за пратеници во земјата ќе се одржат во месец ноември.

Иако за време на својот мандат Владата успеа да постигне економски раст, тоа беше подложено на голем притисок во врска бегалската криза. Според анкетите лидерското место го зазедоа претставниците на опозициските десничарски партии.

Без коментари

LEAVE A REPLY