Хрватска ја победи Полска со 14 разлика и се пласира во полуфинале

0
574

Хрватска го направи невможното, она во кое никој не веруваше, го победи домаќинот Полска со 37:23 и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство.

Речиси никој не веруваше дека Хрватска може да дојде до потребната победа повисока од десет голови разлика против Полска, но токму тоа се случи, славеа со дури 14 разлика, направија сензација и заслужено одат меѓу четирите најдобри.
На Полска и одговараше и пораз со четири гола разлика, но тотално се загубија на теренот во Краков, не очекуваа дека може да ги снајде дебакл.
Франција се надеваше на победа на Хрватска од пет до десет разлика, но Хрватите одиграа маестрален натпревар и славеа со 37:23.
Штрлек со 11 голови од 11 шутеви беше најдобриот во Хрватска заедно со голманот Стевановиќ кој имаше шоу на својот гол, одличен беше и пикерот Мариќ со седум гола од осум шута.
Во полуфиналето Хрватска ќе игра против Шпанија која денеска беше подобра од Русија со 25:23.