Хрватска ќе „увезе“ над 3.000 работници

0
353

Работа ќе има во градежништво, бродоградба, туризам, култура, а ќе се бараат и возачи и научници.

Заради одлив на работна сила во ЕУ, Хрватска во оваа 2016 година ќе „увезе„ 3.115 работници од странство, што може да биде можност за заработка за луѓето од соседството. Бројот на странци кои годинава ќе се вработат во Хрватска е мал во однос на претходно кога земјата не беше дел од ЕУ, но од Здружението на работодавци се незадоволни и бараат оваа пракса да престане.

Бараат примена на словенечкиот модел, така што на Заводот за вработување ќе му се даде рок пет дена да му најде на работодавачот квалификуван работник, а потоа може да биде ангажиран странец.