Хрватска ќе воведе данок за слатки?

0
309

Хрватите се петти по дебелина во Европа, поради што нивниот министер за здравство, Дарио Накиќ вели дека воведувањето на данок за слатки е превентивна мерка.

Тој вели дека тоа  е пракса во Европа, а за таа можност размислуваат, со посебно внимание на слатките пијалоци.  Производителите на слатки не коментираат, но велат дека оваа мерка може да ги погоди малите производители. Тие објаснуваат дека граѓаните и онака се одлучуваат за поевтини марки, а ако се воведе данок ќе се зголеми потрошувачката на увезени производи од земји каде нема данок за слатки.

Данска, Финска, Франција, Велика Британија, Норвешка се земји каде храната богата со шеќери и масти е оданочена, за да се намали потрошувачката. Финска во 2011 година воведе данок за производи со какао, бонбони, чоколади, сладолед, а посебен данок има за пијалоците.