Хрватска крева ограда на границата со Србија?

0
308

Загрепски „Јутарњи лист“ јавува дека полициската управа на осиечко-барањската жупанија соопшти дека завчера биле продолжени почнатите работи на поставување ограда на граничниот премин Батина од хрватска страна.

Полицијата не сака да зборува за причините за ненадејното подигнување на оградата на границата со Србија, додава хрватскиот весник. Ова, инаку, е првпат Хрватска да крева ограда на границата кон некој од своите соседи.

ХРТ јави дека во близина на преминот од српска страна се наоѓала поголема група на бегалци и дека тоа е вистинската причина за затворање на границата. Тие 700 бегалци, наводно, пристигнале во Сомбор, па границите се затворени од претпазливост.