Хрватска, Романија и Бугарија се најкорумпирани членки на ЕУ

0
314

Хрватска е членка на ЕУ со највисоко ниво на корупција во јавните набавки во Европската унија. Заедно со Романија и Бугарија се меѓу најкорумпираните држави во ЕУ.

Ова се податоци од истражувањето  што го нарачал Европскиот парламент, а го спроведе институтот РАНД Европа, јавија хрватските медиуми. Хрватска, Романија и Бугарија ја предводат групата од 14 земји на ЕУ кои што имаат натпросечно ниво на корупција, се вели во истражувањето, а според индексот за ризик од корупција во јавните набавки Хрватска е на самиот врв, пред Кипар, Литванија и Романија.

Хрватска, Бугарија, Романија и Литванија заради корупцијата годишно губат околу 15% од својот БДП.

Анализата на непрофитниот институт РАНД Европа, која се заснова на три сценарија и неколку методолошки пристапи, покажа дека корупцијата ја чини ЕУ и до 990 милијарди евра.