Хрватска со протест до Словенија

0
391

Министерството за надворешни работи на Хрватска врачи протестна нота во Амбасадата на Словенија во Загреб поради противправно поставување жица на уште еден граничен премин.

Тие бараат отстранување на жицата од сите заградени точки. Бодлкавата жица е поставена на преминот Свети Урбан – Ког.

– Со тоа на жителите од тоа погранично подрачје им е оневозможен премин на границата согласно правилата за пограничен режим утврден со Договорот за пограничен сообраќај и соработка, наведуваат од хрватското МНР.