Хрватската Фрида Кало за слободата

0
469

На новата сцена во Центарот за култура, беше изведена монодрамата FreeDa, во рамките на 18-тото издание на Фестивалот на монодрама Битола 2016.

Овој проект кој зборува за слободата на изразување и соочување на уметникот сам со себеси, а се базира на животот и делото на Фрида Кало, беше во изведба на хрватската актерка Нера Стипичевикќ.

Барајќи решение во архитпот на Фрида, актерката се соочува сама со себе, токму како што Фрида со сликање на своите автопортрети се соочуваше со себеси.

Страста за животот, љубовта кон традиицијата и културното наследство кон местото од каде доаѓаат, ја поврзуваат актерката која доаѓа од Макарска, со сликарката од малото место, предградие на Мексико.

Тоа е почетна точка , соочување со сите последици на местото од каде доаѓаме, кое влијае на нас и кое носи бројни прашања кои не карактеризираат како комплетни личности.

Претставата е во режија на коавторката Миа Бјондиќ.