Хрватската полиција поради бегалците ги затвори сите гранични премини кон Србија

0
194

Сите гранични премини кон Србија од синоќа се затворени, соопшти хрватското министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека граничните премини ќе останат затворени на неодредено време, пренесе Индекс.

Вчера во Хрватска влегле речиси 9.000 бегалци, а на границата постојано пристигнуваат нови луѓе.

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Ранко Остоиќ, уште вчера попладне објави дека капацитетите на земјата се исполнети. Тој на бегалците им порача да престанат да доаѓаат во Хрватска, велејќи дека тоа не е патот кон Европа.