Хрватската претседателка до амбасадорите: Не се мешајте во слободата на медиумите!

0
410

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, од Братислава им порача на странските амбасадори:”Не може и не смее да се мешаат во внатрешните работи на Хрватска”.

Австрискиот амбасадор во Хрватска, Андреас Бајденхоф пред два дена објави на Твитер дека “имал многу интересна средба со колеги и пријатели на слободата на печатот. Клучните приоритети на нашата надворешна политика”.

“Тоа би ми било многу чудно, со оглед на фактот дека амбасадорите не може и не смее да се мешаат во внатрешните работи на земјата каде престојуваат”, рече Грабар-Китаровиќ пред хрватските новинари во Братислава, каде што учествува на Глобалниот форум за безбедност.

На пораката на Австрискиот амбасадор на социјалните мрежи реагирале и други амбасадори – на САД, Норвешка, Германија, Велика Британија и Холандија, со што се потврдува нивното учество на состанокот.

“Корисни разговори денес со другите амбасадори во Хрватска за слободата на медиумите”, напиша американскиот амбасадор Јулиета Валс Нојс.

“Слободата на медиумите е од суштинско значење во секоја демократија. Тоа е она што ние разговаравме за и она што ние ќе продолжиме да го промовираме”, напиша на Твитер амбасадорот на Холандија.