Хулигани го прекинаа мечот на Хрватска

0
1020

Пред натпреварот се најавуваше дека на трибините ќе се појават хрватски навивачи кои ќе сакаат да направат прекин, токму тоа се случи, со пиротехника на теренот го прекинаа мечот на десетина минути.

Црното сценариот се оствари, хрватски хулигани со фрлање на бакли во теренот го прекинаа мечот во финишот од натпреварот, а по продолжението нивната репрезентација прими гол и пропушти победа.
Пред почетокот на мечот беше информирано дека на стадионот ќе влезат и навивачи кои не и мислат добро на Хрватска, тие ќе се обидат да направат прекин што и се случи.
Десетина минути натпреварот беше во прекин поради глупоста на хрватските навивачи. А поради нив настрада репрезентација која пропушти триумф, а федерацијата ќе плати дебела казна.
На трибината имаше и тепачки, искрените навивачи на Хрватска ги напднаа оние кои беа актери на црното сценарио.

Го прекинаа на неколку минути мечот со Чешка, а тоа како да ги пресече хрватските фудбалери, па примија гол од пенал за израмнување (2-2) и само еден бод, иако имаа водство од 2-0. Но, заканата е многу поголема и доаѓа од УЕФА. Хрватска би можела да биде исфрлена од ЕВРО 2016, доколку нејзините фанови повторат ваков инцидент во продолжението од шампионатот.

Веднаш по мечот со Чешка, службените лица од УЕФА им ставиле до знаење на Хрватите:„Уште еден прекин и сите одите дома“!