Хуман проект на фризерската академија Кармен ексклузив

0
1338

 

Под мотото За влакно пред другите, повеќе од 20 години во Битола својата приказна успешно ја гради фризерското студио Кармен, интензивно вложувајќи во квалитетот и професионализмот кој што само тие можат да го понудат.

Од своето постоење од далечната 1992 година до денес, тимот на Кармен составен од професионалци вистински посветени на изгледот на секој клиент, го прават Кармен ексклузив едно од најдобрите фризерски салони во Македонија.

Оваа година за време на подготвување на матурските прослави со една хумана мисија, имено за матуранти од социјално загрозени семејства во соработка со Црвениот крст, ќе подарат бесплатна фризура и шминка.

Во рамките на Кармен ексклузив работи и академијата чии програми се верифицирани од Министерството за Образование и Наука на Република Македонија и Центарот за Образование на возрасни.

Фризерското студио Кармен ексклузив е основано во 1992 год. од страна на сопственикот Димче Ивановски, кој со јасна модна визија за иднината и промените кои што клиентот сака да ги внесе во својот стил на живеење, го води ова фризерско студио до чекор со светските.

Како учесници на многубројни натпревари, саеми, семинари на национално и интернационално ниво, од секаде се враќаат со многубројни награди, пехари, медали, дипломи и признанија.