Хуманитарен BMW собир за Николче Колев

0
2053

На ден 09.07.2017 година во недела со почеток од 11:00 – 16:00 часот на добро познатата локација на паркингот во Новиот Пазар во Битола ќе се одржи настан од хуманитарно значење со цел да му се помогне на битолчанецот Николче Кoлев кој боледува од карцином на меко и сврзно ткиво. Потребни се големи средства за лекување во странство.

– Да бидеме хумани и да му помогнеме на Николче што е можно побрзо, се надеваме како авто-клуб  кој постои две години ,дека ќе придонесеме на некој начин, за овој млад човек да биде како во старите денови, а исто така со овој чин сакаме да ја потикнеме свеста и кај другите авто и мото клубови да се одлучат на ваков чекор за да помогнат , вклучувајќи го и бизнис секторот да помогни на овие клубови за акции од ваков карактер.  Ве очекуваме во поголем број,велат организаторите  Николче Стефановски и Борче Шушулевски од авто-клубот Битола

Овој собир е на локално ниво.