Хуманитарен концерт за семејството Веловски

0
1713

Синоќа во Домот на културата во Битола се одржа хуманитарен концерт за семејството Веловски, чиј што дом изгоре до темел а настрадаа и два члена од семејството. Немилиот настан се случи зимава во месец јануари кога експлозија на плинска боца предизвика пожар во куќа на улицата „Пореч“ во Битола. Во пожарот два члена на семејството се здобија со изгореници .

Синоќа голем број на битолчани на дело ја покажаа својата хуманост.

„Светот е опасно место за живот, не заради луѓето кои се злобни, туку заради добрите луѓе кои ништо не превземаат. Добрите луѓе им помагаат на добрите луѓе, а доброто со добро се враќа. Да бидеш хуман е најблагородната работа која може да ја има еден човек. Хуманоста не познава граница, а Битола има навистина хумани луѓе “, рекоа дел од учесниците кои што се вклучија во овај хуманитарен концерт.

Вечерта започна со настап на Димитар Андоновски, потоа на сцената настапија „Солза и смеа“. Грѓаните ги слушнаа најмалите од хорот „Ѕвончиња“, потоа настапија „Мелодиум“, па на сцената настапи актерот Никола Пројчевски, и на крај  „Поетика“.