Хуманитарен концерт на Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски

0
218

Во рамките на битолското културно лето, на 16 јули,во Пациото при НУ. Завод и музеј, ќе се одржи концерт на поп – пејачите Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски.Концертот е со хуманитарен карактер па така собраните средства од влезниците ќе бидат донирани за битолчанецот Пеце Роговски.Градоначалникот Владимир Талески истакна дека општината со големо задоволство ги поддржува младите талентирани луѓе кои сакаат да творат а особено пофални зборови на денешната прес конференција имаше за Андоновски и Алабаковски.

Концертот ќе започне од 21 часот.
Неда Маретиќ

Без коментари

LEAVE A REPLY