Хуманитарен концерт на Весна Гиновска Илкова и Марија Ѓошевска

0
455

Ротари Клубот Битола Широк Сокак , организираше голем хуманитарен концерт на кој настапија еминентните Марија Ѓошевска (пијано ) и Весна Гиновска -Илкова (сопран) .
Многуте успешни хуманитарни акции спроведени од овој клуб, им даваат мотив и елан за понатамошна работа и помош во заедницата, онаму каде што секојдневно функционираме и работиме, таму каде што престојуваат и се движат и нивните деца.

Овој пат собраните средства од продажба на влезниците ке бидат наменети за обновување на инструментите во Градскиот Мандолински Оркестар “Стив Наумов – Битола”, каде што постоечките инструменти се дотраени и многу оштетени.
Целта на овој настан е да им се овозможи
на извонредните млади таленти непречено да продолжат да музицираат и гордо да ја претставуваат Битола ширум светот.