Хуманитарен концерт за битолчанецот Пеце Роговски

0
172

Во организација на Лајонс клубот – Кабадаја од Битола и House of Manaki се одржа хуманитарен концерт за битолчанецот Пеце Роговски.

На концертот настапуваа групата Калабалак и Петар Горко, Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски, а собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Пеце.

31 – годишниот битолчанец Пеце Роговски, пред околу една година беше опериран од туморозна творба на левата глутеална регија во државната болница во Скопје. Подоцна беше повторно опериран по што следеше хемотерапија.

humanitaren2.jpg

Сега е потребна итна операција во Турција која ќе чини 35.000 евра, а исто така потребни се и финансиски средства за дополнителни снимања и испитувања, како и патни трошоци и сместување.

Имено Роговски е невработен и живее со својата самохрана мајка која исто така е невработена.

humanitaren3.jpg

Да бидеме сите дел од тимот на Пеце и да ја победиме оваа болест, покажете ја вашата хуманост.