Хуманитарен концерт за Гого на музичкото училиште

0
2291

Музичкото училиште од Битола е меѓу најстарите во Македонија. Формирано е со решение на Министерството за народна просвета на Народна Република Македонија од 5 октомври 1946 година. Со настава училиштето започнало наредната 1947 година откако биле обезбедени основните услови за започнување на наставата.

Помеѓу многубројните настани планирани за 2016 година, е и хуманитарниот концерт кој се oдржа на Широк Сокак.

Средствата собрани од денешниот концерт ќе бидат наменети за Гого.

Концертот се одржа под мотото БИДЕТЕ ХУМАНИ – ПОМОГНЕТЕ И ДАРУВАЈТЕ ЉУБОВ.

Учениците од државното музичко училиште изведоа класични композиции, но и џез и песни од забавен карактер.

Во 1947 година во Битола почна со работа Нижото музичко училиште, кое во 1962 година прерасна во Средно музичко училиште.

Од започнувањето со настава низ училиштето поминале повеќе од три илјади ученици. Денес наставата се одвива во 4 паралелки за средно образование и 14 паралелки за основно образование.