Хуманитарката Здравкин секојдневно патува до Гевгелија

0
664

Хуманитарката од Велес, Ленче Здравкин која својата куќа во Велес ја отвори за бегалците како прифатилиште, сега секојдневно доаѓа во прифатниот камп во Гевгелија за да помага.

Таа апелира дека е потребно повеќе храна и средства за хигиена во прифатилиштето во близина на Гевгелија и повика луѓето кои чувствуваат потреба да помогнат да дојдат и да донесат во согласност со своите можности.

-Им помагаме, се организираме, тука се невладините организации, Црвениот крст, полицијата и војската, сите сме во едно. Луѓето се згрижуваат спроед капацитетите кои се тука, но се трудиме се да дадеме од медицинска нега , од храна, од облека, од секакви информации, вели Ленче Здравкин, хуманитарка.zdravkin

Но освен храна, облека и средства, бегалците сакаат и да поразговараат.

-Секојдневно комуницираме со бегалците, тоа за нив многу значи. Убав збор, топла насмевка, од каде доаѓаат, зошто доаѓаат, каде заминуваат, вели таа.

Спред неа, ситуацијата е ставена под контрола.

-Македонија цврсто стои на нозе и се соочува со оваа криза, вели таа.

Велешанката за својот ангажман минатиот месец доби и признание од УНХЦР, а неуморно им помага на бегалците повеќе од една година.