Хуманитарна акција на фризерите и берберите за Николче Колев

0
3834

Со цел да ја покажат својата хуманост, фризерите и берберите од Битола , на ден 15.06 во четврток од 17 до 22 часот на Плоштадот Магнолија организираат хуманитарна акција. Собраните средства ќе ги донираат на Николче Колев кој што боледува од карцином на меко и сврзно ткиво. Акцијата е насловена „Сите заедно да работиме и да продаваме препарати за коса“.

Организаторите велат дека собраните средства ќе ги донираат за  21 годишниот сограѓанин, на кој му се потребни финансиски средства за лекување надвор од државата.

Бидете хумани, бидете помногубројни за Николче Колев, велат тие !

За повеќе информации 070/710-846.