Хуманитарна акција во Канада за настраданите во поплавите во Скопско

0
764

За помалку од три часа во МПЦ Св. Илија од Мисисага Онтарио, Канада беа собрани близу 17.000 илјади долари за помош на поплавените скопски населби.

Хуманитарната акција беше органзирана и одржана во просториите на македонската православна црква Св. Илија во Мисисага . Во хуманоста покрај Македонци се огласија и пријателски народи на Македонија кои сочувствуваат со страдањата на поплавените населби и семејствата од околината на Скопје, Македонија.

Од црковната управа на Св. Илија изразуваат голема благодарност до сите дарители од македонската заедница во Канада, а во најава се и други донации кои ќе бидат испратени директно до Црвениот Крст на Македонија, со што оваа бројка на собрани средства сигурно дека ќе се зголемува.

Со цел за транспарентност на донаторската акција наскоро ќе биде познат и целокупниот список на сите хумни луѓе. Македонија се сака со дела – велат организаторите на оваа хумана акција.