Хуманитарна продажна изложба во битолската католичка црква

0
510

Во католичката црква Пресвето срце Исусово во Битола, беше организирана изложба на облека и предмети од рачна изработка .Изложбата е изработена на иницијатива на калуѓерките и неколку жени од нашиот град, со цел средствата од продажбата да се искористат во хуманитарни цели.

– Собраните средства одат за оние на кои им е најпотребна помош, а на ова здружение може да се приклучат и други жени кои сакаат да помогнат-истакна сестра Ѕвезда Ташева.

Покрај оваа продажна изложба за облеката и додатоците кои останаа ќе бидат организирани и други продажни изложби на повеќе места во градот.

Овие акции со хуманитарен карактер продолжуваат и понатаму.