Хуманитарната организација „Хилал“, која делува во рамките на Исламската верска заедница во Македонија, денес ја посети Битола во рамките на Хуманитарниот караван за доделување пакети со храна за семејствата со социјални проблеми. IZJAVI_DJZMIJA_001.jpg Претседателот на оваа организација Мустафа Даути рече дека во Битола се доделени 200 пакети, кои тежат околу 22 килограми и содржат прехрамбени продукти. IZJAVI_DZAMIJA_004.jpg Битолскиот муфтија, Плуми Велиу, рече дека пакетите ќе се носат до домовите, а денес им беа доделени пакети и на две здруженија, Здружението на слепи и Здружението на инвалиди од Битола, велејќи дека хуманоста не треба да има верски и етнички граници.

0
199

Приговорите на одбраната се неосновани, обвинителниот акт за случајот Пуч се одобрува во целост. Ова е денешната одлука на Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1. Во оовј случај четвртообвинет е Зоран Заев, претседател на СДСМ и градначалник на општина Струмица.

Терминот за почетокот на судската расправа ќе биде дополнително утврден. Советот во одлучувањето утврди дека делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични дела.

Заев Е обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, за кривично дело сторено во обид. Во овој случај обвинети се пет лица.

Првообвинет е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, кој се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и за помагање во насилство спрема претставници од највисоки државни органи.

Второобвинетиот, Ѓорѓи Лазаревски, техничар во УБК е обвинет за поттикнување неовластено прислушување и тонско снимање и помагање при делото шпионажа.

Сопругата на Верушевски, Соња Верушевска е обвинета за помагање при шпионажа. Бранко Палифоров, вработен во Општина Струмица е петтоообвинет за помагање при кривичното дело насилство спрема највисоките државни органи.

Сите обвинети се во притвор, освен Заев, на кого привремено му беше одземен пасошот, но потоа му беше вратен.

За одбраната обвинението е паушално и правно неиздржано. Барањето за техничка влада е политичко барање, а не загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата, беше истакнато во приговорите на одбраната.

„Хипотетички, дали постои закана ако еден политичар му каже на друг дека ќе објавува компромитирачки докази за него. Според обвинението, одговорот би бил потврден. Во обвинителниот акт се констатира дека Заев се обидел да го присили Груевски за формирање техника влада и распишување предвремени избори. Во согласност со Уставот, единствено надлежно за распишување на предвремени избори е Собранието. Јасно е дека овие барања не се упатени кон Никола Груевски како претседател на Владата на РМ, туку како Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ“, ја образложи одбраната адвокатот Филип Медарски.

Обвинителот Златко Биковски рече дека по завршување на истражната постапка се утврдило дека постојат доволно докази од кои може да се очекува осудителна пресуда.

Членови на Советот за оцена на обвинението беа судиите Горан Бошевски, Верка Петковска и Огнен Ставрев.