Хуманитарците одбиваат да учествуваат во примената на договорот ЕУ-Турција

0
461

На одлуката на УНХЦР да не учествува во депортациите на емигрантите ѝ се придружиле и Лекари без граници, Норвешкиот совет за бегалци, Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ) и организацијата Да ги спасиме децата.

Францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дриен оцени денес дека неколку стотици илјади бегалци, најверојатно околу 800.000, чекаат во Либија да заминат за Европа. Ле Дриан во интервју за француското радио Европа 1 изјави дека во Либија има неколку стотици илјади бегалци и дека бројот од 800 илјади е најреален.

„Мора да спречиме шверцот на емигранти да не ги зајакне џихадистите на Исламска држава бидејќи тоа може да им биде дополнителен извор на финансирање“, порача францускиот министер.

Водечките хуманитарни организации, меѓу кои Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) и Лекарите без граници одбиваат да учествуваат во примената на договорот меѓу ЕУ и Турција за колективна депортација на емигрантите.

УНХЦР ги суспендираше сите активности во бегалските центри на грчките острови кои, како што се тврди, во моментов се користат за притвор на емигрантите кои ќе бидат вратени во Турција, пренесува Гардијан.

„УНХЦР нема да учествува во примената на договорот на Европската Унија и Турција, нема да учествуваме во притворањето и враќањето на емигрантите. Ќе продолжиме да им помагаме на грчките власти да развијат соодветни капацитети за прием на бегалците“, изјави портпаролката на УНХЦР Мелиса Флеминг.

www.mkd.mk