„ХУМАНОСТ ИСПРАНА НА МОРСКИОТ БРЕГ“

0
254

Фотографијата од момчето облечено во црвена маичка и сини шорцеви што лежи откако морето го исфрлило на турска плажа го трогна светот и ја засрами Европа, а ни најксенофобичните противници на бегалците не можат да останат ладнокрвни пред глетката што го симболизира целото лицемерство и бесчувствителноста на денешниот свет.

Се викал Ајлан Курди, имал три години, а единствениот негов грев бил што се родил на погрешно место во погрешно време. На свој начин од несреќното момче се прости и Твитер-заедницата, која со хаштагот #kiyiyavuraninsanlik, што во слободен превод значи „хуманост испрана на брегот на морето“, се збогува од малиот Ајлан.

www.mkd.mk