Хумантираната криза во Идомени е европско прашање

0
417

Грчката држава и покрај економските тешкотии успеа да ги зголеми можностите за прием и сместување на бегалците. Оваа недела изградивме околу 10.000 места и тоа е нешто што ниту една невладина организација не може да го направи, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба во Атина со еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидис.

– Хуманитарната криза што се случува во Идомени не е грчко, туку важно европско прашање, и ние мора заедно да се соочиме со него, истакна Ципрас.