И армијата ќе ја контролира границата на Словенија

0
324

Словенечкиот Парламент рано изутринава усвои закон, со кој на армијата и се даваат поголеми надлежности за помош на полицијата, која ја обезбедува државната граница, во услови кога илјадници мигранти доаѓаат во Словенија од Хрватска поради затворањето на границите на Унгарија.

Новото законодавство ќе им дозволи на војниците да ја контролираат границата на местата, на кои нема полициско присуство.

Армијата почна да и помага на граничната полиција уште во понеделникот, но само на места, каде е распоредена граничната полиција.

Над 20 илјади мигранти пристигнаа во Словенија од саботата. Државата со население од два милиони лица планира да побара подоцна денеска од Европската унија полициска поддршка и финансиска помош за справување со бегалскиот бран.