И Битола била жртва на хемиски напад

0
559

Една од најголемите трагедии што и се случиле на Битола е Првата светска војна. Некои не знаат или малку знаат за континуираните бомбардирања на градот и нападите со хемиско оружје, гладот и болестите со кои се соочувале битолчани во текот на војната.

screenshot-from-2016-11-03-17-00-33

За таа цел преку факти и документи ќе биде раскажана таа историја, а по повод роденденот на Битола.

Утре во 12 часот во Завод и музеј ќе биде отворена изложбата со наслов „Битола град страдалник 1914-1918“ што ја организира Државниот архив на Македонија одделение Битола.