И Битола дел од Зелената недела

0
213

По примерот на Европската Комисија и Битола за прв пат се вклучува во одбележувањето на Зелената недела „ Природата -наше здравје, наше богатство”. Целта е високо ниво на заштита на животната средина, одржливо користење на ресурсите и вкупен развој, подобрување на квалитетот на животната средина, заштита на здравјето на луѓето, интеграција на прашањата за животна средина во другите политички области, придонес во глобалната заштита на животната средина.

„Зелената недела се организираше во Брисел во период од втори до петти јуни на која што темата беше Природата и биодиверзитетот односно „ Природата -наше здравје, наше богатство”. На конференцијата се дебатираше и се разменија искуства во делот на заштита на животната средина”, изјави Виолета Налевска претставник на општина Битола

VESNA_ZELENA_NEDELA_002.jpg

Време е да сфатиме дека опстанокот на човекот на Планетата Земја зависи од благосостојбата на целокупниот еко систем и разновидноста на природното богатство. За ова се залагаат и од Здружението за Евроспка интеграција.

VESNA_ZELENA_NEDELA_003.jpg

Децата заедно со своите воспитувачки од двете градински во Битола и од Центарот за ран детски развој со свои креации и цртежи се вклучија во одбележувањето на Зелената недела
Настанот се одржа во градската библиотека „Св Климент Охридски”, во Битола.