И денеска и викендов сончево и топло

0
155

Сончево, пријатно и топло време со слаб ветер од источен и североисточен правец е прогнозата за денеска. Денешните дневни температури ќе бидат повисоки од вчерашните.

Максималната дневна температура денеска во Скопје ќе биде 35 Целзиусови степени, Тетово 33, Гостивар 34, Маврово 25, Дебар 34, Куманово 35, Штип 34, Велес 35, Виница и Кочани 33, Берово 28, Струмица 33, Гевгелија и Дојран 34, Охрид 32, Крушево 26, Битола 33, Прилеп 32…

Сончево и топло ќе биде и утре и викендов.

 

www.mkd.mk