И денеска на повисоките места ќе паѓа снаг

0
365

Во Маврово утрово снежната покривка е 17 сантиметри, во Лазарополе 14 и во Пожаране 13. Најниски температури утрово се измерени во Маврово -3 Целзиусови степени и во Ѓуриште – 1 степен.

Пред неколку дена снег го покри и врвот Пелистер.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб дожд и со умерен северен ветер. На планините и повисоките места и денеска ќе паѓа снег, а дневните температури ќе се движат од  4 до 11 степени.

Во недела ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето и повремено засилен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе провејува снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат по постепен пораст

Без коментари

LEAVE A REPLY