И денеска облачно и врнежливо

0
285

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

И утре времето ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд кој на планините и на некои повисоки места ќе преминува во снег. Ќе дува умерен северен ветер, а дневните температури ќе се движат од 5 до 14 степени.

Во понеделник исто така ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег и со засилен северен ветер и дневни температури од 4 до 9 степени.