И денеска сончево и топло

0
255

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северозападен ветер. Дневните температури од 22 до 29 степени.

Во Битола дневната температура до 24 степени.

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во понеделник попладне, во источните делови има услови за локална појава на грмежи. Во ноќта кон вторник ќе почне да дува засилен северен ветер кој во наредните денови ќе предизвика опаѓање на дневните температури, така што на повисоките планини на север врнежите ќе поминуваат во снег.