И денеска врнежливо и постудено

0
322

Облачно, дождливо и постудено е прогнозата за денеска. Македонија останува под влијание на постудена и влажна воздушна маса која денеска и утре ќе донесе пониски дневни температури.

Денеска во Скопје максималната дневна температура ќе биде 15 Целзиусови степени, во Тетово 14, Маврово 9, Дебар 15, Велес 15, Куманово 14, Штип 16, Крива Паланка 12, Виница 15, Берово 12, Гевгелија 17, Дојран 18, Струмица 16, Охрид 14, Битола 15, Крушево 12 и Прилеп 14 степени.

Утре времето ќе биде посвежо од денеска, а на Солунска Глава можно е да заврне и снег.