И Гордана Јанкуловска на распит во Кривичниот суд

0
950

Во скопскиот кривичен суд денеска продолжи распитот на осомничените за изборните измами. Пред судија на претходна постапка се појави поранешниот заме­ник-ди­рек­то­р на скоп­ска­та УЈП, Ис­мет Гу­ри, а веднаш по него и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

По неколкучасовен распит пред судија на претходна постапка, осомничениот Гури го напушти кривичниот суд. „За него беше поднесен предлог за определување мерка притвор. По негово сослушување, во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донесе одлука со која се одбива предлогот за определување притвор и му определи мерка за претпазливост, односно забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица“, велат од судот. Осомничениот и Обвинителството имаат право на жалба.

Каква одлука ќе донесе судот за Јанкулоска, не беше познато до попладневните часови.