И Хилари Клинтон ќе учествува во пребројувањето во Висконсин

0
253

Генералниот совет за претседателската кампања на Хилари Клинтон денеска соопшти дека кампањата има намера да учествува во пребројувањето на гласовите од претседателските избори во Висконсин, пренесе Ју Ес Еј тудеј.

Бидејќи ние не откривме ниту еден вистински доказ за хакирање или надворешни обиди да се измени гласачката технологија, не планиравме ние самите да прибегнеме кон оваа опција, но сега во Висконсин е иницирано повторно пребројување на гласовите и ние имаме намера да учествуваме за да се обезбеди дека тој процес се одвива на начин што е фер за сите страни“, напиша адвокатот Марк Елиас.

Пребројувањето на гласовите беше иницирано од Џил Стајн, која беше кандидат на Зелената партија за претседател.

Висконсин се сметаше за сигурна демократска држава, но републиканецот Доналд Трамп таму освои изненадувачка победа