И италијанскиот амбасадор трчаше во Претор

0
1603

На брегот на Преспанско Езеро во туристичката населба Претор, викендов се одржа петкилометарска трка, дел од летната лига на трчање „Beach Run“ во организација на здружението „Прв до врв“. Над 100 учесници од повеќе градови од Македонија беа дел од трката, а имаше и натпреварувачи и надвор од нашата држава

Меѓу нив и италијанскиот амбасадор во Македонија.

Стратот на трката беше точно во 11 часот, а натпреварувачите ги бодреа голем број на посетители. Организаторите задоволни од интересот со оглед на тоа што трката се одржува по втор пат, а подршка добија и од општина Ресен

– Ова е уште еден настан кој води кон промовирање на Преспа како место адекватно за спортски туризам и дека Општина Ресен секогаш ќе ги поддржува овие иницијативи за организација на спортски натпревари кои се едни од најдобрите промотори за развој на туризмот – истакна Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен

Најуспешен на патеката од пет километри од Претор до Асамати и назад, беше 17 годишниот прилепчанец Леонид Вандевски, а во женска конкуренција најбрза беше 14 годишната Марго Бојаџиев исто така од Прилеп.

Лигата за трчање „Beach Run“ имаше трка во Скопје, а после оваа во Претор, ќе се реализираат и во Дојран, Маврово и во Охрид.

Без коментари