И Македонија не го ратификувала договорот за климата

0
529

Одлуката на претседателот Доналд Трамп да го отфрли Парискиот договор за климата беше повод Хавиер Солана, актуелен  експерт на ОН и поранешен шеф на дипломатијата на ЕУ, да напише на Твитер дека Македонија, покрај неколку други земји од 196 во светот, се уште не го ратификувала документот иако застана формално зад него.

Според Солана, единствени земји што не го потпишале договорот се Никарагва и Сирија, а заедно со Македонија не го ратификувале Саудиска Арабија, Ерменија, Јемен, Бурма, Ирак, Северна Кореја, Лаос, Нигерија и Молдавија.

makfax.com.mk