И мажи даваат поддршка на иницијативата за породилно

0
254

Мажи и жени, со се деца, со личните карта во рака, тргнаа во канцелариите на подрачното одделение на ДИК во Битола да го дадат својот потпис  за поддршка на активистите од граѓанската иницијативата 450 породилно. На ниво на Македонија потребно е да се соберат 10 илјади потписи за распишување на референдум, со цел измена на законот за работни односи, односно се бара законско решение за зголемување на породилното отсуство од сегашните 9 на 18 месеци.

Потписите ќе се собираат до 7-ми октомври.


– Има интерес кај граѓаните за поддршка на оваа иницијатива, поддршка освен жените даваат и мажите, вели Стефан Чекутков, ДИК-Битола

Со продолжување на породилното отсуство, од граѓанската иницијатива велат дека мајките подолго време ќе можат да вложат во воспитувањето и следењето на развојот на новороденчињата. Нивната прва инцијатива во Собранието од пред неколку месеци беше одбиена од пратениците поради неуредност. Сега очекуваат на наидат на разбирање на државните институции. Во некои земји платеното отсуство од работа поради бременост е 18 и 24 месеци, но има земји каде е пократко и од македонскиот закон. Граѓаните кои што сакаат да ја подржат иницијативата својот потпис во канцелариите на ДИК во Битола ќе можат да го дадат секој работен ден од понеделник до петок од 08:30 часот до 16:30 часот.

Без коментари