И Миле Јанакиески не се појави пред Анкетната комисија, седницата прекината, паднаа и навреди

0
387

На денешната седница на собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето не се појави сведокот Миле Јанакиевски, поранешен министер за транспорт и врски, предложен од пратениците на СДСМ.

Претседателот на комисијата Петре Шилегов информираше дека немал добиено никакво писмено известување за неговото евентуално доаѓање или не, на за денес закажаното сослушување. Во прислушуваните разговори Јанакиески беше еден од најзастапените владини министри.

Седницата на комисијата за прислушувањето е прекината. Не беше изгласан ни дневниот ред. Вчера на седница на оваа комисија сведочеше премиерот Никола Груевски. Претходно на седница на комисијата не се појавија и сведоците Зоран Ставревски (побара терминот да биде на 17 декември), Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и Мартин Протоѓер.

Шилегов денеска информира дека од вчерашното сослушување на Груевски ќе има записник и стенограмски белешки, но јавноста нема да има можност да ги види уште многу години.

Без коментари

LEAVE A REPLY