И нуркачи во Преспа за едукација на туристите

0
1773

Езерата ги користиме за капење, односно разладување во текот на летото кога од градските средини прибежиште бараме во најблиските места. За битолчани Преспаснкото езеро е најблиску. Откако се средија плажите и се изгрaдија угостителски објекти, често овде ги минуваме деновите од викендот.Но, каков е нашиот однос кон езерото. Изминатиот викенд на Преспанското езеро се сретнавме со нуркачка екипа од нуркачкиот клуб Врело од Скопје, но средбата наша беше со битолчанецот Александар.
Со него зборувавме и за тоа каков е нашиот однос кон езерото, односно кон самите себе си, со оглед на фактот што влегуваме да се капиме во него.

Сите ние сме љубопитни како изледа во длаболината, колку е опасно или безбедно капењето и на што треба да се внимава.

Организирале и едукација на најмладите кои на брегот на Преспа се дел од детските летни кампови.

Без коментари