И од понеделник бракови ќе се склучуваат

0
734

Откако ЗЕЛС предупреди дека општините од понеделник ќе бидат блокирани во своите функции заради важноста на мандатот на градоначалниците и советите на општините до 15 мај, се појавија дилеми во јавноста.

Засега се однесуваат во делот на склучувањето бракови, за што пред неколку дена во Скопје Коце Трајановски предупреди, односно кажа дека општините нема да можат и бракови да склучуваат.
Ден после тоа се произнесе Уставниот суд на Македонија каде имаше две иницијативи за укинување на членови од Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, но судиите се прогласија за ненадлежни и рекоа дека тоа е работа на Собранието, тоа може со закон да направи измени и да го реши проблемот.
Денеска околу темата бракови побаравме објаснување од Матичното одделение во Битола кое е дел од Министерството за правда. Од таму рекоа дека многумина побарале објаснувања за тоа дали ќе можат да склучуваат бракови или не. Одговорот е дека нема да има никаква правна пречка бракови да се склучуваат, бидејќи и во една таква ситауција кога советниците не би имале веќе мандат, нивното присуство на тој чин е само во улога да прочитаа дел од законот за семејство и да го честитаат бракот.

Што значи дека и без нив бракови ќе можат да се склучуават. Кон ова и податокот дека во 2010, 2011 и 2012 година бракови се склучувале без советници, заради како што велат нерегулираноста на материјата, а и до сега имало примери кога некој од советниците заради одредни причини не се појавувале на тој чин.

Останува загриженоста во другите делови за тоа како ќе функционираат општините од понеделник натаму кога истекува нивниот мандат, а до тогаш барем според она што може да се забележи седница на Собранието нема да има за да можат да се направат законски измени за продолжување на мандатите и на градоначалниците и на советите, додека не се најде решение кога ќе бидат следните локални избори.