И платил за сексуални услуги и ја ограбил

0
184

СВР-Битолa поднесе кривични пријави против три лица од Битола и едно лице од Демир Хисар за сторени кривични дела разбојништво и разбојничка кражба.

„ На 12.06.2015 лицето О.Ф (23)од Демир Хисар по предходно договорен состанок со оштетената да се најдат во Хотел во Битола и платил одредена сума пари за добивање на сексуални услуги, но во еден момент кога оштетената сакала да замине од хотелската соба пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист започнал да ја трга по алиштата,ја удрил во пределот на лицето ,ја каснал за левата рака и успеал да и ја одземе чантата во која имало околу 10.000 денари по што го напуштил местото на настанот извршувајќи кривично дело разбојништво”, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола

СВР Битола поднесе и кривични пријави за тројца битолчани

VESNA_POLICIJA_SANJA.jpg

„Тројцата пријавени на возраст од (18-24) години сите од Битола на 14.јуни годинава со цел да се стекнат со противправна имотна корист извршиле к.д разбојничка кражба во куќа во Битола го скршиле цилиндарот од портата од дворот на куќата но не успеале да ја отворат, па се префрлиле преку оградата , влегле во дворот и со употреба на физичка сила го откорнале едното крило од влезната врата, влегле внатре но не одзеле ништо”, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола

Од СВР Битола информираат дека во моментот на извршувањето на делото пријавените се затекнати од сопственикот и неговиот пријател кои ги забележале лицата како се движат низ куќата и во еден момент еден од пријавените неенадејно излегол од гаражата и со употреба на физичка сила го удрил пријателот на сопственикот во пределот на лицето по што го турнал на земја и тројцата заедно избегале.