И покрај слабиот одзив, нема одложување на Рокот за проверка на гласачите

0
384

На 39 илјади гласачи за кои ДИК процени дека се спорни, им остана само уште еден ден да го регулираат своето право на гласа.  Од вкупниот број на спорните гласачи, досега само една четвртина од нив го потврдиле своето гласачко право. И покрај сите поплаки, процесот за проверка на спорните гласачи нема да биде одложен. Барем така тврдат членовите на ДИК.

„Жал ми е што ќе кажам, но крајниот рок за електронско аплицирање истекува утре на полноќ. Овој рок е правен рок и ДИК не може да го одложи, бидејќи е предвиден во самите одредби во Изборниот законик“, реле Адмир Шабани, советник во Државна изборна комисија.

Отстапки нема да има ниту за погодените од природните катастрофи во Скопје и околината. Советникот во ДИК, Адмир Шабани, вели дека никому не му се ускратува гласачкото право, туку дека овој процес се однесува само за престојниот изборен циклус.