И Роналдо стана нервозен кон новинарите

0
595

На Кристијано Роналдо му дошло преку глава од прашањата на новинарите за бледите партии на еворпското првенство  во Франција, што јасно им стави до знаење пред последниот меч во групата со Унгарија. Португалецот не успеа да постигне гол против Исланд и Австрија, и Португалија сега има два бода.
Репрезентативците утрово поминаа во прошетка покрај езерото, а кога еден новинар му се доближи на Роналдо и го запраша дали е подготвен за мечот, фудбалерот му го одзеде  микрофонот и го фрли во вода.

Микрофонот бил во сопстеност на претставник на телевизијата „ЦМТВ“ со која Португалецот е во „клинч“ одамна. Причината е дека ТВ-станицата ширела лаги за него, неговото семејство и репрезентацијата на Португалија.