И утре ќе бидеме под магла

0
433

Магла со видливост од 50 до 200 метри има кај Тетово, Гостивар, Страцин, Битола, Штип, Прилеп, Павлешенци, Македонски  Брод и Кула, информираат од Автомото сојузот на Македонија.Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
И утре во претпладневните часови по котлините се очекува појава на магла и ниска облачност, попладне ќе има услови за делумно намалување на маглата и благо расчистување на водухот.
На повисоките места и на планините ќе преовладува сончево и потопло време.
Во текот на ноќта ќе почне да дува слаб до умерен северен ветер што ќе предизвика намалување на условите за појава на магла во четврток.