И утрово воздухот е загаден во половина Македонија

0
413

Скопје и Тетово се задушуваат. Ништо не е подобро ни во Битола и Кичево. Утрово концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот во половина Македонија е и до 7 пати повеќе од максимално дозволените.

Мерните станици во Тетово регистрираа концентрација на ПМ10 честичките од 386 микрограми на метар кубен. Во Скопје највисоки концентрации има во Центар од 332 микрограми, Гази Баба 310, кај Ректорат 279, Лисиче 264, Карпош 252 и во Миладиновци 96.

Во Битола се измерени 118, а во Кичево 115 микрограми. Над дозволените концентрации на ПМ10 честичките утрово се регистрирани и во Кавадарци со 61, Велес 57 и Кочани 55 микрограми.

Максимално дозволената концентрација е 50 микрограни на метар кубен воздух.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY