И Вавринка елиминиран на стартот во Квинс

0
136

Освојувачот на Ролан Гарос, Швајцарецот Станислас Вавринка, кој беше слободен во првото коло од турнирот во Квинс, доживеа непријатен шок, бидејќи во второто коло го елиминираше Кевин Андресон од Јужна Африка со 7-6, 7-6.

Андерсон реализираше 22 ас удари, а ова му е четврта последователна победа против Вавринка.

Со поразот на Вавринска продолжи низата на испаѓање на фаворити од овој турнир, откако вчера Рафаел Надал испадна во првото коло од Украинецот Александар Долгополов.