И во Битола се собираат потписи за измени на Законот за извршување

0
869

Иницијативата за собирање потписи „Стоп за извршители“ и во Битола.
Се собираат потписи за измени на законот за извршување и замрзнување на сите извршни одлуки врз физички лица, поради ревизијата на работата на извршителите и на целиот судски процес во текот на извршната постапка.
Едно од главните барањата е долговите да се вратат на одлучување во судовите со обрзложение дека граѓаните плаќаат повеќекратно поголеми суми поради трошците што ги наплаќаат извршителите но и другите трошоци вклучени во ланцеот на присилната наплата.
Потребни се 50 илјади, а досега само во Битола се собрани 283.

– Сo  собраните потписи ќе бараме влез во Собрание, значи да учествуваме во промената на Законот за извршување, тоа ни е целта. Народот е многу оштетен имаат виртуелни долгови имаат и застарени долгови, дали се тоа нарочно по 10% и 20% камата на камата на основниот долг, и по 10 пати повеќе им оди долгот, изјави Љиљана Сивкова од граѓанската иницијатива

Според невладинте истражувања, над 200.000 граѓани се заробени со извршни одлуки од кои десетици илјади се се уште блокирани и не можат да се одблокираат.
Поради ова, граѓаните бараат нов Закон за извршување, зашто сегашниов, тврдат, не е добар.

Потписите за Иницијативата ги собираат Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и здруженијата „Но пасаран“ и „Гласен текстилец“, и ќе биде спроведена низ Цела Македонија.