И возењето велосипед е култура

0
1014

Со велосипеди добиени како субвенции од страна на општината, на 18 јули , од Агларци до Новаци на чело со градоначалникот, ќе се одржи велосипедска тура, која што годинава за прв пат се организира, во рамки на Новаци културното лето 2017 година. Заедно со „Битола на точак“ на истиот ден ќе се одржи и изложба на стари велосипеди и велосипеди со мотор.

Културното лето Новаци 2017 ќе започне на 8 јули во сабота со театарската претстава „ Женско царство“, на театарот Колозови. На манифестацијата ќе има 14 културни активности, како детски блок, блок за возрасни, фолклорна вечер и Етно концерт, распределени на различни локации. Покрај Новаци настани ќе има и во Градешница, Агларци, и Добромири.

Културното лето Новаци 2017 го организира Иновативниот клуб а главен покровител е општината. На повеќе локации од 10 до 15 јули ќе се одржи летен детски камп„Со игра откриваме“, потоа на 16 ти јули настап на детскиот музички фестивал „Тра-ла-ла“, . Во општинската сала во Новаци на 22 ќе се одржи концерт на група „Шарена“ од Полска, на 30- ти јули Фолклорна вечер со гости од Чешка . Во с.Градешница на 1 август ќе се одржи Етно концерт, за прв пат ќе се одржи работилница со полимерна глина на 5 ти август, и годинава два дена од 4 ти до 6 ќе се одржува МАкедонската етно свадба, на 9 ти август Музички перформанси ќе се одржат во Добромири, на 14 модна тревија за деца и возрасни, на 16 ти август промоција на книга, беше речено на денешната прес конференција

Културното лето Новаци 2017 завршува со документарен филм „Живеј, работи и создавај„ на 24 август.